На 04.08.2019 година околу 15,30 часот било пријавено дека во с.Двориште- беровско, пред мостот на „Дворишка река“ додека М.Т.(49) управувал трактор „Фиат 446 ДТ“, кој влечел приколка, во која биле Н.Т.(49) и уште две деца, едно од децата (4) паднало и било прегазено со десното тркало.
Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Здравствениот дом Берово за укажување на лекарска помош, а потоа во Медицинскиот центар Штип.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Берово.