На 04.08.2019 година во 18.50 часот на магистрален пат А-4 Радовиш-Штип се случила сообракајна незгода во која учествувале четири патнички моторни возила, кои се движеле во ист правец – возило „Фиат Добло“ со струмички регистерски ознаки, управувано од Г.В (47) од Струмица, возило „БМВ-Х5“ со италијански регистерски ознаки, управувано од П.Ш (59) од Италија, возило „Шкода фелиција“ со струмички регистерски ознаки, управувано од В.М (60) од село Василево и возило „Голф“ со струмички регистерски ознаки, управувано од М.И (25) од Струмица.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Џ.Р (51), која била сопатник во возилото „Голф“, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Радовиш.