Ирачкото Министерство за нафта соопшти дека нема врска со вчера задржаниот танкер во Персискиот Залив, за кој Техеран тврди дека му припаѓа на Ирак.
– Министерството не извезува нафта за меѓународниот пазар, а ги ограничува своите активности на извоз на сурова нафта и други нафтени производи согласно меѓународно усвоениот контекст и меѓународните механизми и средства за контрола, истакна портпаролот на ирачкото Министерство, Асем Џихад.