Иранската револуционерна гарда заплени странски танкер со 700.000 литри нафта и седум членови екипаж, пренесе иранската државна телевизија, наведувајќи дека бродот криумчарел нафта за арапските земји.
„Поморските сили на Иранската револуционерна гарда запленила странски нафтен танкер во Персискиот залив, кој криумчарел нафта за некои арапски земји“ пренесе телевизијата.
Членовите на екипажот, кои се од различна националност, се приведени.
Минатиот месец, Иран заплени британски танкер во Хормушкиот теснец, бидејќи наводно ги прекршил поморските прописи. Кусо потоа, иранските сили заробија и друг брод, кој, по предупредување, го пуштија да плови.