Клаудија Шифер позира гола на 48 години за насловната на Вог

Клаудија Шифер позира гола на 48 години за насловната на Вог

Една од најпознатите и најуспешните манекенки Клаудија Шифер (48), со разголените фотографии што ги постави на својот профил на Инстаграм, покажа дека и понатаму изгледа фантастично.

Клаудија се фотографирала сосема гола за насловната страница на најновото издание на италијанскиот магазин „Вог“. Поводот за ова фотографирање е одбележувањето на 25. години откако славната манекенка првпат се фотографирала за насловницата на шпанскиот „Вог“, далечната 1994 година.

Клаудија во текот на својата манекенска кариера красеше повеќе од 500 престижни насловни страници.

Убавицата со германско потекло и денес може да се пофали со манекенска линија.

– Староста треба да се слави и почитува. Имам 48 години, и така се чувствувам и се гордеам. Постои причина зошто имаме роденденски торти и забави по повод родендените – неодамна изјави Клаудија, а сега и покажа дека се чувствува одлично во сопствената кожа.

Треба да знаете
Последни објави