Колин Фарел се препотува во вежбалница и престана да пие

Актерот Колин Фарел порано важеше за лошо момче на Холивуд, но откако наполни 40 години, реши да го промени тоа. Тој сè почесто може да се сретне во вежбалница каде што се поти кревајќи тегови.

Четириесет и тригодишниот актер, исто така, ја смени својата фризура и денес има пократка коса, а во моментов го снима „Војаџерс“.

Во април 2018 година сам се пријавил на клиника за одвикнување од алкохол. Тоа била негова превентивна мерка затоа што работата на филмот „Дамбо“ го исцрпела.

„Тој веќе не пие алкохол, трезен е 12 години и сака така да остане“, изјави неименуван извор за списанието „Пипл“.

Во една пригода тој изјави дека почнал да пие и да пуши марихуана на само 14 години.

Треба да знаете
Последни објави