Круз сака да биде пејач, Бекамови го ангажираа менаџерот на Џастин Бибер

Викторија (45) и Дејвид Бекам 44) се сигурни дека нивниот најмлад син сака да се занимава со музика. Круз Бекам (14) ги има сите предиспозиции да стане поп-ѕвезда и да постигне светски успех, па неговите родители решиле да направат сè што е во нивна моќ за да му помогнат.

Брачната двојка Бекам одлучила да го ангажира Скутер Браун (38) да ја води кариерата на нивниот талентиран син, наместо Симон Филер, менаџер одговорен за светскиот успех на марката „Бекам“.

Браун е заслужен за успехот на Џастин Бибер (25) и Аријана Гранде (26), кои се наоѓаат на врвот на светската листа на музички ѕвезди.

Покрај тоа, во последниве недели се вели дека односите меѓу Викторија и нивниот менаџер, со кого работи од средината на 90-тите години, се заладени.

Се шпекулира дека Викторија склучила договор со најголемата светска агенција за таленти (WME) „Вилијам Морис“, која работи со пејачите Адел и Келвин Харис.

Треба да знаете
Последни објави