Левица: Од владиниот план за чист воздух не е реализирано речиси ништо

Два месеци пред почетокот на грејната сезона, а од владиниот План за чист воздух не е реализирано речиси ништо. Иако планот е прогласен за стратешки приоритет, здравјето на граѓаните по сѐ се чини и не толку приоритетно за власта, обвинија од Левица.

„Во Македонија секоја година 3000 луѓе го губат животот поради загадениот воздух – убиени за личните и бизнис интереси на великопоседниците во власта и профитерите кои се блиски до нив. Додека СДСМ предизборно ветуваа кратење на аерозагадувањето во Скопје за 50% и другите градови од 30% до 50% до 2020, до сега нема ниту сериозни акции на оваа тема, а уште помалку резултати. Напротив, тоа што го видовме за време на овој мандат, од еколошка гледна точка е блатантна експлоатација на секој природен ресурс на Македонија, уништување на секоја зелена површина со дивоградба, губење на УНЕСКО статусот на Охридското езеро, депонии кои постојано горат, реа и црни чадови низ општините“, велат од Левица.

Како и претходната гарнитура, велат од партијата, така и оваа владина фела се докажува незаинтересирана за решавање на овој клучен проблем; таа останува фокусирана на интересите и профитот на капиталот, за кој плаќа обичниот граѓанин со неговите здравје и живот. Како што гледаме, дури и она малку и недоволно кое е ветено, нема волја да се исполни кога наместо тоа може да се исполни џебот на приватниот капитал.

Треба да знаете
Последни објави