Сопружниците Мајкл Даглас (74) и Кетрин Зета-Џонс (49) одмораат во малото туристичко одморалиште Портофино во Италија. Малиот град некогаш познат по рибите, денеска е омилена дестинација за туристите со „подлабок џеб“ кои се навикнати на луксуз.
Брачниот пар бил „фатени“ од папараците додека вечерале со пријателите, а фотографиите на актерот и неговото загрижено лице предизвика гласини дека неговото здравје се влошува, со оглед на фактот дека се бори со рак на грлото од 2010 година.
Синот на легендарниот актер Кирк Даглас, се потешко се движи така што низ Италија шета со помош на неговата сопруга. Иако холивудските sвезди се маскираа со очила за сонце и капи, повеќето туристи и локални жители ги препознаа.