Владата, премиерот и генералниот секретар на Владата немаат потпишано меморандум за соработка со Меѓународниот сојуз, се вели во одговорот на владиниот портпарол на прашањето на МКД.мк по изјавата на Бојан Јовановски дека било договорено да се потпише таков документ.
Како што пишува МКД.мк , уште во јули 2017 година Бојан Јовановски (Боки 13), како прв претседател на невладината организација Меѓународен сојуз, изјавил дека со премиерот Зоран Заев се договорил за соработка и директна поддршка и дека било договорено да се потпише и таков меморандум за соработка.