Потврдена затворската казна за дедото на Тамара

Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара, која почина откако државата не ја испрати навреме на операција на р’бетот во странство, останува со казна затвор од седум години и шест месеци. Одлуката на Апелациониот суд е испратена до Кривичниот суд.

Вака потврди Апелациониот суд денеска на жалбата на првостепената одлука и известувањето е испратено до Кривичен суд и казната треба да стане извршна.

„Апеалциониот суд – Скопје до Основниот кривичен суд – Скопје ја достави пресудата КЖ. Бр. 259/19 со која во целост ја потврдува првостепната пресуда на кривичниот суд со К.бр. 1989/18 против Љ.С. за кривичното дело Убиство по член 123 ст.1 в.в со чл.19 од КЗ“, информираа од Кривиниот суд.

Станува збор за кривично дело сторено на 01.06.2017 – та година пред Министерството за здравство за што со првостепената пресуда обвинетиот беше огласен за виновен и осуден на казна затвор во траење од 7 години и 6 месеци.

Стојановски сакаше да пука врз Никола Тодоров на неговиот последен ден како министер за здравство, односно на денот кога тој требаше да ја предаде министерката функција на 1 јуни 2017.

Стојановски имаше право на жалба на првостепената пресуда пред Апелацискиот суд во Скопје. Тој претходно од овој суд доби преиначување на првостепената пресуда за нелегално поседување оружје, и од условна казната му беше сменета во ефективна – една година затвор, по признанието на вина.

Се товареше за две кривични дела – обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Треба да знаете
Последни објави