Почина одбојкарот Модев

За љубителите на одбојката во Македонија и Бугарија стигна непријатна вест дека на 43-годишна возраст починал Христо Модев поранешен играч на Работнички. Двометрашот Модев беше еден од најдобрите одбојкари на Работнички во генерацијата која пред 12 години избори учество на завршниот фајнал-фор во “Топ – Тим“ купот во организација на ЦЕВ.
Модев кој потекнува од Бугаријa, а доби и македонски пасош, во својата играчка кариера настапуваше и за тимовите кај источниот сосед ЦСКА и Славија.
Модев се ожени во Скопје со одбојкарката Валентина, со која имаа две ќерки, Габриела и Келементина.

Треба да знаете
Последни објави