На 04.08.2019 во 11,30 часот било пријавено дека во с.Калник–тетовско, патничко моторно возило „БМВ“ со италијански национални ознаки, управувано од Ј.А.(20) од с.Калник, удрило во малолетник од с.Боговиње-тетовско, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово.