Саудискиот принц планира да изгради град на иднината со вештачка месечина и летачки автомобили

Вештачка месечина ќе го осветлува небото секоја вечер, а остров во стил на Џурасик парк ќе им овозможи на посетителите да се дружат со роботи диносауруси, пренесува WSJ.

Исто така, во документите има планови за присилно преселување на локалните племиња, ќе се создадат клиники за генетски инженеринг и надзор на владата 24/7 – што значи дека овој футуристички град повеќе личи на научна фантастика.

Од 2017 година, саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, познат како МБС, соработува со консултантски тимови за развој на неговата визија во вредност од 500 милијарди американски долари во северозападен дел на Саудиска Арабија.

Принцот, исто така, планира да се ослободи од пустината, и планира да создаде вештачки дожд преку Неом за да го олади градот.

Иако предвидува големи работи, футуристичкиот град исто така звучи како тоталитарна супервизорска држава.

Тоа ќе биде целосно автоматизиран град, а како што се вели во документите, компјутерот ќе може да регистрира злосторства без никој да ги пријавува.

Исто така, принцот не само што размислува да создаде посебен град, туку само неколку избрани ќе можат да живеат во него.

Треба да знаете
Последни објави