Времето денеска ќе биде топло, но и променливо облачно со сончеви периодим, соопшти УХМР.
Претежно во северните и источните делови ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а локално ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер.
Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во останатите од северозападен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 15 и 25, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе биде и ветровито со засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 20 до 33 степени.
В недела ќе биде стабилно, но ветровито со засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови, што ќе услови опаѓање на дневната температура.