Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски ќе го носи дресот на Мајорка, пишуваат италијанските медиуми.
Поранешниот играч на Палермо ги договорил сите детали со новиот член на шпанската елита и ќе заработува 650.000 евра по сезона.
Договорот е со важност до 2021 година. Oткупната клаузула ќе биде 45 милиони евра.
Освен за Палермо, Трајковски ги бранеше и боите на Зулте Варегем и Мехелен во Белгија, како и Интер Запрешиќ во Хрватска.
За македонската фудбалска репрепрезентацијата има одирано 49 мечеви со постигнати 15 голови.