Штипските пожарникари имале шест интервенции на стрништа и сува трева во текот на минатата недела, информира командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) – Штип, Тони Атанасов.
-Пожарите на отворено почнаа од 2 август. Пожарникарите интервенираа три пати во атарот на селото Аргулица, а пожари имавме и во селата Нов Карорман, Таринци и кај живанрската фарма кај Штип, вели Атанасов.
Тој додава дека минатата недела опожарени се и три куќи, од кои едната во селото Лакавица, а две во населбата „Исар”во Штип. Материјални штети има, изгорена е покуќнина, но и кровните конструкции на куќите. Апелира граѓаните да внимаваат и да не ги палат стрништата по жетвените активности, бидејќи поради ветерот се пренесува на околните ниви или шумски појаси, со што штета трпат и други земјоделци.