Јапонскиот премиер сака да ја посети Москва

Јапонскиот премиер Шинзо Абе сака да ја посети Русија во септември, изјави денеска шефот на неговиот кабинет, Јошихид Суга.

Тој додаде дека Токио и Москва треба да разговараат директно затоа што меѓу двете земји има отворени прашања, пренесува „Ројтерс“.

Министерството за надворешни работи на Јапонија во петокот ја осуди посетата на рускиот премиер Дмитриј Медведев на Курилските Острови, на кои полагаат пераво и Русија и Јапонија, повикувајќи ја Москва да преземе конструктивни чекори за воспоставување врски меѓу двете земји.

Треба да знаете
Последни објави