Бразилката Валентина е првиот трансродов модел на „Викторијас сикрет“

Бразилката Валентина Сампаио е прв трансродов модел на американскиот бренд за долна облека „Викторијас сикрет“. Таа на „Инстаграм“ сподели фотографија на која се гледа како седи на стол во бел баде мантил со таг „Викторијас сикрет“, а еден ден подоцна објави видео со порака дека никој не треба да се откажува од своите соништа.

https://www.instagram.com/p/B0q8V_XCOgG/?utm_source=ig_web_copy_link

Валентина неодамна влезе во историјата како прво трансродово лице на насловната страница на „Вог“.

https://www.instagram.com/p/B0oDsqnC2am/?utm_source=ig_web_copy_link

Во ноември лани, маркетинг директорот на „Викторијас сикрет“, Ед Разек, наиде на критика во јавноста откако изјави дека трансродови модели не би смееле да се појават на ревии на ВС. Набргу потоа се извини.

Треба да знаете
Последни објави