Детето во критична состојба по падот од 10. кат на лондонска галерија, уапсен е тинејџер

Еден тинејџер е уапсен под сомнение дека денес се обидел да убие шестгодишно дете, кое наводно го турнал од платформата на 10. кат на уметничката галерија „Тејт модерн“ во Лондон, соопшти полицијата.

Метрополитен полицијата соопшти дека службениците го пронашле повреденото дете на покривот на петтиот кат на галеријата и дека со брза помош е однесено во локална болница во критична состојба, соопшти полицијата, според АП.

Во соопштението се вели дека 17-годишник останал на платформата на 10. кат со други посетители откако детето паднало и дека ништо не укажува на тоа дека жртвата го знаела.

Треба да знаете
Последни објави