Зариф одби средба со Трамп

Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф изјави дека САД се изолорани во светот и дека не успеале да создадат коалиција со сојузниците во Персискиот залив.

-САД се сами во светот, не можат  да создадат коалиција во Заливот, рече тој на прес конференцијата, пренесоа британските медиуми.

Зариф потврди дека го одбил повикот за средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, и покрај, како што кажа, заканите и санкциите против него.

-Весникот „Њујоркер” пренесе дека американскиот сенатор Ренд Пол, со одобрение на Трамп, посредувал кај Зариф за да дојде во Белата куќа.

-Во Њујорк ми беше кажано дека за две недели ќе бидам цел на санкции доколку не ја прифатам таа понуда, која за среќа не ја прифатив, рече Зариф.

Неодамнешните американски санкции против него Зариф ги оцени како „неуспех” на дипломатијата.

Зариф ги повика Европските земји да ги забрзаат своите напори за заштита на иранската економија од американските санкции, бидејќи во спротивно, како што кажа, Иран ќе го напушти нуклеарниот договор од 2015 доколку не бидат заштитени интерсите на Техеран.

Треба да знаете
Последни објави