Којa од „Дисциплина кичме“ се разбуди од кома

Водачот на српската рок-група „Дисциплина кичме“, Душан Којиќ-Која (58), кој во вторникот беше итно хоспитализиран во англиска болница, се разбуди од кома, според „Курир“.

Среќната вест на „Твитер“ ја потврди новинарот Галеб Никачевиќ.

„Која се разбуди од кома пред неколку дена и полека закрепнува“, напиша Никачевиќ.

Според српските медиуми, гитаристот, пејач и композитор заминал во Англија за да ја види својата сестра. Тој доживеал мозочен удар таму и лекарите го ставиле музичарот во индуцирана кома.

Треба да знаете
Последни објави