Патот за Адеми и Спировски во елитата ќе води преку Марибор или Розенборг

Тимовите на македонските фудбалски интернационалци Аријан Адеми, хрватскиот повеќекратен првак Динамо Загреб и на Стефан Спировски унгарскиот првак Ференцварош откако во меѓусебна пресметка која ќе ја почнат утре, ќе одлучат кој ќе продолжи кон групната фаза од Лигата на шампионите, како можен ривал во плеј-офот го имаат подобриот од двомечот Марибор – Розенборг. Вака одлучи ждрепката во Нион за двојките од последната елиминаторна рунда пред стартот на групната фаза во елитното клупско натпреварување.

Двојки за плеј-офот:

АПОЕЛ/Карабах – ПАОК/Ајакс
Јанг Бојс – Црвена Звезда/Копенхаген
Истанбул Башакшехир/Олимпијакос – Краснодар/Порто
Базел/ЛАСК – Клуб Бриж/Динамо Киев
Клуж/Селтик – Славија Прага
Динамо Загреб/Ференцварош – Марибор/Розенборг

Првите натпревари се играат на 20 и 21 август. Победниците од оваа последна елиминаторна рунда продолжуваат во групната фаза во ЛШ, а поразените ќе имаат утешно продолжение на меѓуанродната клупска сцена во групите од Лига Европа.

Треба да знаете
Последни објави