Државната комсија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 20-та седница на која ќе бидат разгледани предлог одлуките за прогласување доверливи податоци и за овластување лице за доделување и чување работни и дупликат клучеви од сефови и безбедносни врати.
На дневен ред на седницата се и заклучоци за предмети отворени по сопствена иницијатива, постапување по предмети од областа на спречување корупцијата, постапување по предмети за можен судир на интереси и постапување по предмети од областа следење на имотната состојба.