Социјалната мрежа „Фејсбук“ во последните 24 часа има проблеми со функционирањето, додека на „Инстаграм“ проблемите се појавија пред неколку часа.
Сè уште нема официјално соопштение од компанијата, а на „Твитер“ веќе се појавија негативни коментари од корисниците кои се жалат дека цел ден не можат да објават фотографии и коментари. Исто така, корисниците се жалат дека апликациите функционираат бавно, а некои имаат проблеми и да се логираат.
На веб-страницата Downdetector е објавено дека проблеми имаат најмногу корисници во САД и во Велика Британија.
Во последните неколку месеци „Фејсбук“ и „Инстаграм“ повеќе пати паднаа.