Најнеспособната и најкорумпирана Влада предводена од аболицираниот Зоран Заев може само да соборува рекорди во однос на скандали во единица време. Криминалната власт никако не може да биде носител на реформи, особено не во правосудството. Македонија тоне на листите на корупција, а заради криминалците кои рекетираат и местат тендери, гледаме дека името веќе не е единствената пречка за добивање на датум за преговори, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Аболицираниот претседател на СДСМ и актуелен претседател на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, зборува за режим и заробена држава во време кога тој самиот е на власт. Без срам излегува пред граѓаните и ги убедува дека во време кога тој владее, рекетирањата се случуваат поради опозицијата. Тотален апсурд и манипулација од политичка партија која е на власт без победа на избори. Неселективна правда во време додека владее Зоран Заев и СДСМ, нема да има се додека СЈО се распаѓа поради корумпираност, поради тоа што сопственици на медиуми со обвинителите рекетираат и собираат пари од граѓаните и се додека наместо да се расчистуваат судските случаи се брои време за да ја подзаборави народот штетата. Нивната долго најавувана правда веќе три години се претвора во спротивност. Сведоци сме на нарачани судски пресуди, процеси и рекети.
Бараме итно проширување на истрагата за случајот Рекет, не само кон извршителите, туку и кон нарачателите и помагачите, кон СЈО, кон сите функционери во СДСМ и кон сите вклучени во тој случај.
ВМРО-ДПМНЕ се залага за независно обвинителство кое ќе работи согласно законот и ќе го гони криминалот, без досегашните привилегии кои ги дозволува СДСМ. Независното обвинителство мора да се базира на принципите на владеењето на правото и меѓународните конвенции за човекови права.
На СДСМ не му одговараат заложбите на ВМРО-ДПМНЕ поради тоа што судството во нивните раце е одличен механизам за контрола и политички прогон, како што многупати досега се покажа и докажа. Зоран Заев сака да ја опструира правдата на долг рок, да ја заштити мафијата и криминалот и да си обезбеди неказнивост преку креирање на неуставни и нефункционални решенија. Тој ја штити и Катица Јанева поради информациите кои таа ги поседува против него, но мила му е и државничката функција од која може да врши безмилосна кражба на Република Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.