(Вознемирувачки фотографии) Убиената девојка фрлена на отпад од заклани животни

На местото на кое е најдено безживотнто женско тело во црна вреќа е дива депонија, а телото било фрлено меѓу животински остатоци, информира Телма. Тоа што новинарската екипа го затекнала на лице место биле остатоци од животни, глави од крави, коски од животни и остатоци и непријатна и одвратна смрдеа.

Полицијата и обвинителството соопштија дека во близина на селото Горно Оризари (општина Шуто Оризари) е најдено мртво тело на жена во црна најлон кеса. Телото е најдено вчера попладне.

Засега не се даваат повеќе детали за истрагата. Идентитетот на жената се уште не е откриен.

Тој што ја фрлил жената ја оставил меѓу животински остатоци.

Сликите се во продолжение и ве предупредуваме на нивната содржина.

Дивата депонија со толку остатоци од заклани животни е потенцијално жариште на заразни болести и се наоѓа во близина на скопската обиколница.

Локалните жители сметаат дека надлежните треба да го исчистат местото, но никој не презема ништо. Остатоците се фрлени главно од жителите на Шутка која се наоѓа на неколку километри од дивата депонија.

 

 

Треба да знаете
Последни објави