Руската полиција уапси припадници на банда што се занимавала со илегално производство и продажба на оружје во регионот Ростов во јужна Русија, соопшти денеска портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Ирина Волк.
„Полицијата уапси тројца локални жители, од кои едниот претходно беше осуден за слично дело. Врз основа на достапните информации, тој произведувал огнено оружје и го продавал заедно со двајца партнери“, рече Волк, според ТАСС.
При претресот на нивното живеалиште, еден од осомничените се обидел да се ослободи од доказите, фрлајќи ги пиштолите од балконот.
Според Волк, полицијата запленила три импровизирани пиштоли и голем број делови за пиштоли, како и муниција од разни калибри.