Шон Ладани, кој го преживеал Холокаустот, но и терористичкиот напад на еврејскиот олимписки тим на Олимписките игри во 1972 година во Минхен, сепак на овогодинешниот „Јуропиен макаби гејмс“ во Будимпешта настапи под знамето на Германија. Ладани (83) е роден во Белград, а оваа година учествувал во натпревар за брзо одење.
Повеќе од 3.000 спортисти од целиот свет учествуваа на еден вид еврејска олимпијада, а тимот „Макади Германија“ беше претставен од 300 спортисти, меѓу кои и двострукиот олимпиец Ладани.