Масовниот убиец од Ел Пасо во Тексас своите убиства ги најави во манифест, кој го објави на екстремно десничарскиот форум на интернет „8чан“, само 45 минути пред да почне со крвавиот поход во кој уби 22 луѓе.
Овој форум вчера повторно беше изгасен, по неговото исклучување во неделата вечерта.
Пред да го објави својот расистички манифест, Патрик Крусиус од Тексас, истотo го стори и Австралиецот Брентот Тарант, пред да убие 50 муслимански верници во две џамии во Крајстчерч во Нов Зеланд. Тој на „8чан“ споделил и линк од преносот во живо кој беше емитуван на Фејсбук.
Едниот во име на белата раса изврши убиства врз муслиманите, а другиот над ЛатиноАмериканците.