Кабел од бандера опожарил куќа во Визбегово, нема повредени

Кабел од бандера вчера утрото опожарил куќа во скопското село Визбегово, информира полицијата.

Вчера во 6,10 часот во СВР Скопје, К.В.(47)  од Визбегово пријавил дека се скинал кабел од бандера и паднал врз кровот од неговата куќа, при што предизвикал пожар. Опожарена била кровната конструкција и вториот спрат од куќата.

Повредени лица нема, а од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил целосно изгаснат. Извршен е увид.

Треба да знаете
Последни објави