Ако сте во грчкото одморалиште Лалари на Скијатос не ги допирајте камењата. Ниту случајно да не ви текне да земете едно како сувенир. Цената што ќе ја платите како казна ако ве фатат е дури 1.000 евра. До Лаларија може да се стигне само од морето, а во светот е позната по сјајните бели камења, тиркизната вода и спектакуларните лакови на карпите што ја опкружуваат. Со векови, туристите го посетуваат местото и носат камчиња во џебовите како сувенири. Но тоа толку сериозно го нарушува изгледот на плажата, позната само по белите камења што властите веќе не дозволуваат да се земе ниту едно од нив. Геолозите предупредуваат дека постојаното отстранување на белите камчиња од плажа може да го загрози трајно изгледот, а властите издадоа предупредувања по должината на плажата дека казната е меѓу 400 и 1.000 евра.