Парламентот на Индија усвоен денеска гласаше за реорганизирање и нова класификација на Џаму и Кашмир со што владата во Њу Делхи ќе има поголема власт над тој спорен регион со мнозинство муслимани.
Законот донесен од страна на Долниот дом на Индија ќе го смени административниот статус на Џаму и Кашмир од држава во сојузна територија.
Во индискиот политички систем државите имаат значителни овластувања кога станува збор за локалните прашања, но кога станува збор за федералните територии, Њу Делхи има поголемо влијание.
Според законот, усвоен со 370 „за” и 70 „против”, планинскиот регион Ладак, што моментно е дел од Џаму и Кашмир, ќе биде одвоен и претворен во сојузна територија.
Горниот дом на индискиот Парламент вчера го усвои новиот закон.