Во пожар во четирикатна станбена зграда во главниот град на Индија, Њу Делхи, загинаа шест луѓе, а повредени се 10.
Во гаснењето на пожарот, кој избувнал околу 2 часот утрото, по локално време, учествувале осум пожарникарски возила. Причината за несреќата се уште не е позната.
Пожарите се многу чести во зградите во Индија, бидејќи инвеститорите често не ги почитуваат законите и безбедносните норми.
Во февруари годинава загинаа 17 луѓе во поажр во хотел во Њу Делхи, кој изби во нелегално изградена кујна на покривот на шесткатницата.