Белата куќа соопшти дека ќе ја искористи „секоја соодветна алатка” за да се стави крај на владеењето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, откако претседателот Доналд Трамп нареди замрзнување на средствата на Каракас во САД.
„Диктатурата на Мадуро мора да заврши за Венецуела да има стабилна, демократска и просперитетна иднина ослободена од ужасите на социјализмот што ја опустоши оваа некогаш голема земја”, рече прес секретарот на Белата куќа, Стефани Гришам.
„Како што јасно стави до знаење администрацијата на Трамп: сите опции се на маса. САД ќе ја искористат секоја соодветна алатка за да го прекинат задржувањето на Мадуро на власт во Венецуела. САД ќе го поддржат пристапот на луѓето од Венецуела до хуманитарна помош и ќе обезбедат демократска транзиција во Венецуела.”