Најголемата љубов и поддршка на еден од најдобрите фудбалери на светот, Лионел Меси, е неговата љубов од детството, манекенката Антонела Рокузо.
Славниот фудбалер и манекенката се познаваат од детството, а денес имаат три деца. Меси својата сегашна сопруга ја запознал кога имал пет години. Парот се запознал преку братучедот на Антонела, Лукас, кој бил најдобар пријател на Меси од детството.
Со оглед на тоа дека овој познат пар води сметка за приватноста и интимата, само мал број на луѓе всушност знаат колку време тие двајца се заедно.
Јавноста за нивната љубов дознала во 2008-ма година, а Меси во едно интервју изјавил дека Антонела му била првата љубов и дека му се допаѓала од девет години. Како што рекол, и тогаш се обидувал да и ги покаже своите чувства, но не знаел како да го направи тоа.
Својата љубов од детството ја крунисале со брак во 2017-та година во Аргентина. Меси и Антонела имаат три деца, поточно тројца синови, а последниот е роден во февруари минатата година.
Иако Меси е еден од најпопуларните фудбалери денес, ни неговата сопруга не е ништо помалку популарна на социјалната мрежа Инстаграм. Ја следат повеќе од 10 милиони луѓе, а Антонела често своите фанови ги радува со фотографии со својот сопруг и децата.
Инаку, Антонела пред да стане модел студирала стоматологија, која не ја завршила. Била посветена и на социјална работа, но на крајот завршила пред објективите на фото-апаратите и на модните писти.
Се проценува дека Антонела досега заработила околу 20 милиони долари, а богатството на нејзиниот сопруг се проценува а околу 340 милиони долари.