(Видео) Хирошима ја одбележа 74-годишнината од нападот со атомска бомба

Хирошима денес ја одбележа 74-годишнината од нападот со атомска бомба врз тој град во 1945 година, кога загинаа повеќе од 140.000 луѓе.

Градоначалникот Казуми Матсуи изрази загриженост за растечката егоцентричност во светската политика и ги повика водачите да го зачуваат светот без атомско оружје.

Тој ги покани светските лидери да ја посетат Хирошима и да се запознаат со она што се случило таму.

Матсуи побара од јапонската влада да се залага повеќе за интересите на преживеаните и да потпише договор за забрана на нуклеарно оружје.

Премиерот Шинзо Абе рече дека се сè поизразени разликите помеѓу нуклеарните и ненуклеарните држави. Тој вети дека ќе ги одржи јапонските принципи без нуклеарна моќ.

 

Треба да знаете
Последни објави