Владата на Република Српска упати до Судот на БиХ тужба против Федерацијата БиХ поради долг од распределба на приходи од индиректни даноци, во вредност од 34.571.047,78 конвертибилни марки, односно околу 17,6 милиони евра.
Тужбата се однесува на долг за периодот од јули 2017 до декември 2018 година.
Во соопштението од Владата на РС се посочува дека институциите на Република Српска дале согласност за тужбата која ја подготвило Правобранителството на РС.