Возачите на такси, автобуси или некое друго јавно превозно средство во Грција кои пушат додека се на работа ќе бидат казнети со парична казна од 1.500 евра и ќе им биде одземена лиценцата за еден месец.
Ова го предвидува новиот закон за сообраќајни прописи, според порталот „Катимерини“.
Во исто време, ако во возилото има дете под 12 години, казната ќе се зголеми до 3.000 евра.
Со парична казна од 1.500 евра и одземање на возачка дозвола ќе бидат казнети и возачите на приватни автомобили кои пушат додека возат свои деца под 12 години.
На возачите, наводно, ќе им биде наплатена иста казна ако во нивниот автомобил има пушач.