Првата дама на Франција, сопругата на претседателот Емануел Макрон (41), Брижит (66), честопати беше критикувана од јавноста поради нејзиниот изглед и разликата од 25 години меѓу неа и нејзиниот сопруг.
Изгледа дека Брижит почнала да се нервира поради ваквите коментари, па според француските медиуми, таа решила да се оперира и да направи измени во својот изглед.
Поранешната професорка, наводно, се оперирала во една американска клиника во Париз, во која многу sвезди биле подложени на естетски операции.
Фоторепортерите ја снимија Брижит која отишла на консултација пред операцијата на 16 јули, а еден ден подоцна и на операција, која траела три часа.
Операцијата помина без проблеми, при што поранешната наставничка ја напушти болницата истата ноќ, јавуваат француските медиуми.