Американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, рече дека каква било воена операција на Турција во Северна Сирија е неприфатлива и дека САД ќе спречат еднострани потези.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во неделата најави воена операција источно од реката во Еуфрат, на северот на Сирија, во зона што ја контролира курдската единица за народна одбрана, инаку главен сојузник на САД на територијата на Сирија, која, пак, Турција ја смета за терористичка организација.
Турски и американски воени претставници се состануваа во Анкара во обид да најдат договор и да избегнат инвазија, а Еспер рекол дека верува дека е направено поместување кога станува збор за клучните прашања. САД сметаат дека воена операција на северот на Сирија би бил ризичен потег и дека тоа би можело да ја загрози безбедноста на американските сили кои соработуваат со сириските Курди, но и да им помогне на милитантите од Исламска држава во тој регион.