Еден од најочигледните знаци дека нешто не е во ред со батеријата на вашиот смартфон е што постојано мора да го ставате на полнење. Но, постојат и други, очигледни знаци кои укажуваат дека нешто не е во ред со батеријата.
1. Смартфонот опасно се прегрејува при полнење
Ако вашиот телефон се прегрејува независно од тоа дали го полните на полнач или преку компјутер, тоа е знак дека нешто не е во ред со батеријата.
Благиот пораст на температурата при полнење е нормална работа, но ако не можете да го држите уредот во раце поради топлината исклучете го од струја и однесете го на сервис.
2. Смартфонот постојано мора да го полните
Еден од знаците според кои може да проверите дали вашата батерија е при крајот на работниот век е токму овој. Количината на енергија која батеријата ја чува зависи од тоа колку често ја користите. Ако постојано играте на телефонот или гледате видеа брзиот пад на проценти е очекуван и кај здравата батерија. Но, ако телефонот ви се испразни за 50 проценти без користење во текот на половина од денот, тоа е знак на стара или неисправна батерија.
3. Уредот работи само кога се полни
Ако вашиот смартфон работи само кога е споен на полнач тоа е знак дека имате проблеми со батеријата, која веројатно веќе воопшто не работи. Во тој случај е најдобро да купите заменска батерија.
4. Не можете да го вклучите смартфонот
Најочигледен доказ дека нешто не е во ред со батеријата е ако не можете воопшто да го вклучите уредот, освен ако претходно не доживеал некакво оштетување.
5. Телефонот работи пократко и пократко
Ако неколку пати во денот посегнувате по полначот на смартфонот, по низата долги разговори, гледање видеа и играње игри, тоа влијае на долготрајноста на батеријата.