Кабел од бандера вчера утрото опожарил куќа во скопското село Визбегово, информира полицијата.
Вчера во 6,10 часот во СВР Скопје, К.В.(47) од Визбегово пријавил дека се скинал кабел од бандера и паднал врз кровот од неговата куќа, при што предизвикал пожар. Опожарена била кровната конструкција и вториот спрат од куќата.
Повредени лица нема, а од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил целосно изгаснат. Извршен е увид.