Винс Картер кој се договрил со Атланта да биде дел од тимот и во новата сезона ќе постави рекорд во професиналната кошаркарска НБА-лига, каде ќе ја одигра рекордната 22 сезона. За Картер кој е на 42- годишна возраст, новата сезона треба да му биде последна во кариерата.
Со настапот во дресот на Атланта во новата сезона, Картер ќе ги мине на вечната листа: Роберт Периш, Кевин Вилис, Кевин Гарнет и Дирк Новицки кои имаат одиграно по 21 сезона во НБА.
Ветеранот Картер во НБА лигата почна да игра во далечната 1998 година во редовите на Торонто. Потоа беше дел од Њу Џерси, Орландо, Феникс, Далас, Сакраменто и сега кај Атланта. Со репрезентацијата на САД во 2000 година во Сиднеј го освои олимпиското злато.