Кошчелни го напушта Арсенал, заминува во Бордо

Францускиот играч од среден ред Лорент Кошчелни ќе го напушти Арсенал за да ја продолжи кариерата во Бордо.

Кошчелни, според англиските медиуми, за услугите на искусниот бек од средниот ред ќе плати пет милиони евра.

Минатата сезона одигра само 29 натпревари, поради последователните повреди што придонеле да има се помала минутажа од планираната. Арсенал беше принуден да го продаде Лорент откако овој одбил да патува во САД на подготовки со клубот.

Инаку, 33-годишниот фудбалер беше дел од „топџиите” уште од 2010 година каде настапил на 353 натпревари и постигнал 27 гола.

Треба да знаете
Последни објави