Според „Пејџ сикс“, помеѓу холивудската актерка Линдзи Лохан и саудискиот принц Мохамед бин Салман постои многу повеќе од пријателство, а нивните блиски пријатели тврдат дека „добро се познаваат“. Саудискиот принц ја вози наоколу во своите приватни авиони, ја опсипува со скапи подароци, меѓу кои е и кредитна картичка без ограничување.
Овие тврдења ги демантира нејзиниот портпарол, кој пак тврди дека Линдзи Лохан се сретнала со принцот само еднаш и тоа пред една година на трката за гран-при во Формула 1, како и дека не ѝ подарил кредитна картичка.
Но, пријателите на Линдзи Лохан тврдат дека ги виделе приватните СМС-пораки што ги разменуваат двајцата и дека во нив не станува збор за пријателство.
Во последниве години, Линдзи Лохан беше воодушевена од арапскиот свет, па дури најавиуваше и свој сопствен, женски филм „Frame“, кој би ја прикажал саудиската култура.