Во Скопје, денеска почнува Светското ракометно првенство за играчи до 19 години на кое ќе настапат 24 репрезентации поделени во четири групи. Домаќинот Македонија вечерва од 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“ за противник ќе ја има соодветната селекција на Аргентина.
Македонија во Ц-групата покрај Аргентина за ривали ќе ги има селекциите на Данска, Јапонија, Нигерија и Бахреин.
Распоредот на натпреварите од групата за Македонија:
06.08.19 – Македонија – Аргентина (20:30 ч.)
08.08.19 – Македонија – Нигерија (20:30 ч.)
09.08.19 – Македонија – Бахреин (20:30 ч.)
11.08.19 – Македонија – Данска (20:30 ч.)
12.08.19 – Македонија – Јапонија (20:30 ч.)
Мундијалот ќе се игра до 18 август во салите на СЦ „Борис Трајковски” и СЦ „Јане Сандански”.