Минатиот месец во Тетовско фатени 129 возачи кои возеле без положен возачки испит

СВР Тетово во јули годинава во тетовскиот регион вкупно откриле и соодветно санкционирале 1.896 сообраќајни прекршоци.

Од сообраќај биле исклучени 109 возила и 259 возачи. Од нив, 71 исклучено возило имало истечена регистрација, кај 37 била утврдена техничка неисправност и кај едно претовар. Најмногу или 129 возачи управувале без возачка дозвола, 54 управувале под дејство на алкохол, 70 возачи-почетници не се придржувале на законски предвидените ограничувања, а шест управувале со важечка забрана.

Во овој период на поширокото гостиварско подрачје откриени и законски санкционирани се 1.071 сообраќајни прекршоци.

Во јули од сообраќај биле исклучени 107 возила и 127 возачи.Од исклучените возила, 62 имале истечена регистрација, 39 техничка неисправност, шест претовар.108 од исклучените возачи управувале беа положен возачки испит и валидна дозвола за тоа, петмина управувале под дејство на алкохол, 7 возачи-почетници и 7 мотоциклисти не користеле заштитна кацига.

Треба да знаете
Последни објави