Пилот и копилот уапсени поради сомневање дека летале пијани или дрогирани

Пилот на „Јунајтед ерлајнс“ се појави пред суд откако беше уапсен во Шкотска, поради преголемо количество на алкохол во крвта, а поради тоа бил одложен летот од Глазгов до Њујорк.

Глендобн Гуливер (61) не се изјаснил за вината, а судот му одобрил кауција, пренесе АП.

Гуливер и неговиот 45-годишен копилот биле уапсени во неделата под сомнение дека биле под влијание на алкохол или дрога, а летот од аеродромот во Глазгов за Њујорк бил одложен во Њу Џерси.

Копилотот е пуштен без обвинение пред денешното сослушување.

Границата за алкохол во крвта за пилотите е 9 микрограми алкохол на 100 милилитри воздух од белите дробови, што е за 22 микрограми помалку отколку за возачитево Шкотска.

Пред две години, дваца пилоти на „Јунајтед ерлајнс“ добија затворски казни поради зголемен процент на алкохол пред летот на аеродромот во Глазгов.

Треба да знаете
Последни објави