Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави денеска дека војната со Иран е „мајка на сите војни“ и уште еднаш предупреди дека бродовите можеби не се безбедни во Ормутскиот Проток.
Тој го изјави ова на државната телевизија, истакнувајќи дека мирот со Иран е „мајка на целиот мир“, пренесува „Ројтерс“.
Рохани додаде дека ако САД сакаат да преговараат со Иран, тие мора да ги укинат санкциите, нагласувајќи дека на Иран мора да му се дозволи да извезува нафта.
„Не може Ормутскиот Проток ц да биде слободен за поминување за вас, а Гибралтар да не е за нас“, рече Рохани.
Наводно, околу една петтина од светскиот транспорт на нафта е преку стратешкиот Ормутски Проток.
Најновиот инцидент се случи во неделата кога иранската гарда заплени ирачки танкер со нафта, за кој рекоа дека шверцувал нафта и уапсија седум членови на екипажот по тој повод.